НАСЛОВНАЗА НАСГАЛЕРИЈАКОНТАКТ
ШТИП-УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГРАД
За најнови и тековни информации следетене на нашиот НОВ профил:
Објавено на 16.07.2016


Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот најпрво треба да пополнат ЕЛЕКТРОНСКА ПРИЈАВА поставена на интернет порталот
www.smestuvanje.mon.gov.mk.  (страната е активна само кога е рокот за пријавување)

Роковите за електронското пријавување на студентите се
за II година и повисоките студиски години рокот почнува од 18.07.2016 година до 12.08.2016 година.
за I година (бруциши) рокот почнува од 20.08.2016 година до 28.08.2016 година.


Aко Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената
документација Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови

Студентите кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава пред доставувањето на
потребните документи.



По објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, доколку останат непополнети сместувачките капацитети во
одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 29.09.2016 година.
Објавено на 16.07.2016


Студентите, кои ги исполнуваат условите по Конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги достават следните
документи:

1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари;

2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава и  Испечатена електронска пријава заради проверка на
податоците;

3. Потврда за редовност во текот на студиите;

4. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години; (се вади од факултет, за студентите од I година
бруцоши, не треба)

5. Заверен на факултет образец “УППИ”; (се заверува на факултет)

6. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за
запишани редовни студии (или друг документ со кои ќе потврдат дека се примени на факултет)

7. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;

8. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од
домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се
категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или
психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните
потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе гo докажат нивниот статус;

9. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со
која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од
одредени институции со кои има склучено договори за соработка;

10. Изјава за идентичност на податоците;

11. Изјава од родител - старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;

12. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2016 година или доколку за овој месец не е
исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата и тоа

- за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави
а) потврда за плата заверена од овластен орган,

- за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави
а) заверена потрда за плата ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот);
б) и заверена декларација за прием на платата (ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот)

-за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек;

-за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како
месечен приход;

-за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек;

-за инвалидитет да се достави лекарска белешка;

-за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга
институција;

13. Министерството за образование и наука по службен пат, ()согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните
документи:
- уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна
дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки,
добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители - старатели на кандидатот поединечно и за
самиот кандидат;

- потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од
Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на
матични книги;

- уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.



14. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите
под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12.
Објавено на 16.07.2016



Документи се доставуваат во просториите на студентскиот дом "Хилјадников" на адреса ген. Михајло Апостолски 18 Штип и тоа:

- студентите од II година и повисоките студиски години документите ги доставуваат од 15.08.2016 год. до 23.08.2016 год.

- студентите од I година документите ги доставуваат од  29.08.2016 год. до 02.09.2016 год.




Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени
во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.
Објавено на 16.07.2016


Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави на 31.08.2016 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.




Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен на 09.09.2016 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до архивата на Министерството.



Доколку бројот на студенти, кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2. од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.

Објавено на 16.07.2016


Рокот за вселување на студентите во своите соби е:

- за студентите од II година и повисоките студиски години од 01.09.2016 - 10.09.2016 година.

- за студентите од I година (бруцоши) од 10.09.2016 - 20.09.2016 година.
Back
Next
превземи ја целосната верзија од конкурсот 2016/2017
КОМПЛЕТ ДОКУМЕНТИ